Управата на калчолигашот Милан не ги крие амбициите кога се во прашање нови играчи во клубот од „Сан Сиро“. Росонерите претходниот период најавуваа дека во клубот ќе го доведат Халанд од Борусија Дортмунд, или пак, Деле Али од Тотенхем, но тука не завршува списокот на желби.
Сега во прв план е играчот на Реал Мадрид, Шпанецот Иско. Проблем за Милан е што уште три клуба се борат за потписот на Иско – Јувентус, Севилја и Евертон.
Последниот збор ќе го има Реал затоа што Иско со „Кралевите“ е врзан со договор до 2022 година. Иако Иско не е во плановите на Зидан, засега нема одврзани раце да си бара нова средина.
Everton et la Juve veulent Isco, mais actuellement c’est le Milan AC qui est favori.
Le Milan pourrait tenté de le signer en Janvier, même si son salaire élevé pourrait être un problème.
[@cmdotcom] pic.twitter.com/4yn0h4K56t
— Team Real Madrid ?? (@MadridTeam_) December 17, 2020