Top Sport

Милан имаат наследник на Златан во Аргентинецот Гаич (видео)

Милан го „идентификувале“ напаѓачот на Сан Лоренцо, Адолфо Гаич како наследник на Златан Ибрахимовиќ, откако неговиот агент неодамна изјави дека 21-годишниот фудбалер сонува за трансфер во Италија.

Според италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, спортскиот директор на Милан, Рики Масара веќе работи на носење на младиот талент на „Сан Сиро“. Со прекар „Тенк“, Аргентинецот е висок 190 сантиметри и постигна 5 гола во 12 меча пред паузата поради корона вирусот.

Минатиот септември тој дебитираше во аргентинската репрезентација, а бидејќи неговиот договор завршува следната сезона, а откупната клаузула му е 13 милиони евра,за Милан не би бил проблем да ја исплати сумата.

Scroll to Top