Top Sport

Милан до Интер: Барем играме во Европа!

Тимот на Милан беше мета на потсмев на италијанските ривали по 2:2 ремито на гости кај Беневенто во првиот меч на Џенаро Гатузо на клупата на „росонерите“, и сега тие одговорија со критика за своите вечни ривали Интер.

Милан прими гол во 94. минута преку голманот на Беневенто, Алберто Брињоли за 2:2 реми, за прв поен на новиот прволигаш, додека Интер со победа од 5:0 над Киево се искачи на првото место во Серија А. Меѓутоа, Интер исто така се намачи за победа над Беневенто, победувајќи со 2:1, а тимот исто така не игра во европските купови ова сезона по лошата 2016/17.

Официјалниот веб-сајт на Милан секој ден има „анализа“ на италијанскиот печат и тоа што се пишува за нив, и овојпат „Диаволо“ коментираа за тие кои ги потценуваат.

„Не, ова не е Кавезе“, почнува коментарот, посочувајќи на 2:1 поразот од тимот на Кавезе во Серија Б во 192/83.

„Милан беа опасно исмеани во Беневенто, каде што некои победуваа со многу голови, но некои имаа тесни натпревари, како и ‘росонерите’ до 94. минута. Но, ние сме барем во Европа, и позицијата на табелата не исклучува можност да се квалификуваме во Европа и во 2018. Со потсмевот ривалите малку се занесуваат“, пишува во коментарот.

Напаѓачот на Интер, Иван Перишиќ отиде најдалеку во потсмевот кон градските ривали, покажувајќи го резултатот на загревањето пред мечот со Киево.

Голманот даде гол, Беневенто освои поен против Милан (видео)

Scroll to Top