Актуелниот шампион на Италија, Милан, како сега стојат работите ќе остане без планираното засилување. „Росонерите“, од јануари, се обидуваат да го донесат Холанѓанецот, Свен Ботман, на крајот тој ќе заврши во Њукасл.
Милан, минатата недела за услугите на 22-годишниот Холанѓанец, на Лил им понудија 30 милиони евра. Францускиот клуб и фудбалерот биле подготвени да ја прифатат понудата, кога во приказната се вклучиле и луѓето од Њукасл.
Според медиумите, клубот со најбогати сопственици, за Ботман нуди сума помеѓу 50 и 60 милиони евра. На оваа понуда Милан не може да и парира.
Инаку, Ботман е познат како еден од најдобрите млади стопери на денешницата. Тој во Лил пристигна пред две години од младиот тим на Ајакс за 8 милиони евра, јасно е дека францускиот клуб ќе заработи огромни пари на него.
Доколку не успеат со Ботман, челниците на Милан ќе се обидат да го донесата дефанзивецот на Торино, Желсон Бремер. И за овој фудбалер ќе имаат жестока конкуренција, бидејќи сериозен интерес за Бремер покажува и Интер.