Top Sport

Милан ќе го наградат Ернандез со огромно зголемување на платата

Паоло Малдини и Милан се толку импресионирани од формата и од однесувањето на францускиот бек Тео Ернандез што ќе му дадат значително зголемување на платата со новиот договор со „росонерите“.

24-годишниот Ернандез стана еден од клучните играчи во тимот на Стефано Пиоли, и уште останува на ветувањето кое му го даде на Малдини дека сака да биде „историска личност“ со Милан и да ја освои Лигата на шампионите во иднина.

Според „Калчомеркато“, со новиот договор неговата плата ќе скокне од 1.5 милиони евра на 4 милиони евра, односно 5 ако ги исполни сите услови, а ќе трае до 2026 или 2027. Во Милан исто така се импресионирани од неговото однесување и лојалноста, бидејќи тој не инсистирал на зголемување на платата.

Французинот има 22 настапи досега оваа сезона за вкупно над 1.800 минути на теренот, во кои постигна четири гола и имаше пет асистенции.

Scroll to Top