Top Sport

Милан ќе му дадат нов договор на Чалханоглу

Милан и Ралф Рангник сметаат на Хакан Чалханоглу и за во иднината, така што „росонерите“ ќе се обидат да му го продолжат договорот на Турчинот, тврдат италијанските медиуми.

Агентот на Чалханоглу, Горан Стипиќ, неодамна изјави дека 26-годишниот фудбалер има амбиции да игра во Лигата на шампионите, што сигурно нема да се случи ниту следната сезона, но „Тутоспорт“ објаснува дека клубот е блиску до продолжување на договорот со подобрени услови за турскиот репрезентативец.

Тој наводно добил уверување и од Ралф Рангник, германскиот стручњак кој ќе пристигне следната сезона во Милан, бидејќи го познава од времето кога работеа заедно во РБ Лајпциг пред три години.

Scroll to Top