Top Sport

Милан ќе помогнат Леао да го плати долгот кон Спортинг Лисабон

Милан ќе се обидат да му помогнат на Рафаел Леао да добие „попуст“ на 20-те милиони евра кои ги должи на својот поранешен клуб Спортинг Лисабон, потег со кој се надеваат дека ќе го осигураат долгорочниот потис на португалскиот репрезентативец, тврди португалскиот весник „Рекорд“.

Леао е во преговори со Милан за продолжување на договорот кој трае до јуни 2024 годин, и неговиот агент, Жорге Мендеш бара 7 милиони евра по сезона, огромно покачување од сегашните 4.5 милиони евра кои ги добива, по што се појави интерес на премиерлигашите Челси и Манчестер сити, кои се подготвени да му дадат на 23-годишниот напаѓач уште поголема плата.

Самиот Леао се наоѓа во незавидна ситуација кон Спортинг, откако го раскина договорот со португалскиот клуб еднострано по нападот на навивачите на клубот на тренингот на тимот, за да се пресели во Лил во 2018 година. По ова, Спортинг го тужеа Леао и го добија случајот и тој сега им должи 20 милиони евра, кои му се одземаат од платата. Според „Рекорд“, Паоло Малдини е сретнал двапати со спортскиот директор на Спортинг, Фредерико Варандаш за да разговара за ситуацијата.

Scroll to Top