Милан нема да може да смета на услугите на Златан Ибрахимовиќ уште еден месец, тврди „Газета дело Спорт“. Ветеранот се повреди на 22.ноемврина, на натпреварот со Наполи. Иако прогнозите беа дека ќе отсуствува најмногу две недели, тој се уште не тренира со тимот.
„Газета дело Спорт“, пишува дека повредата на Ибрахимовиќ е сериозна. Според овој извор се работи за повреда на листот. Тој имал руптура на мускулното ткиво. При ваква повреда препорачливо е мирување од најмалку еден месец.
Доколку информациите на „Газета дело Спорт“ се точни, тогаш Милан ќе биде без Ибрахимовиќ и на натпреварите со Сасуоло, Лацио, Беневенто и Јувентус.