Милан се очајни да најдат купувач за Бразилецот Лукас Пакета, но мораат да добијат барем 25 милиони евра за да немаат загуба на фудбалерот, тврди италијанскиот „Тутоспорт“.
Пакета дојде за 39 милиони евра од Фламенго во јануари 2019 година, а со бонусите оваа сума може да се искачи на 45 милиони евра, а според „Тутоспорт“ 22-годишниот фудбалер претставува проблем за директорите на „Сан Сиро“ кои си ја префрлуваат вината за доаѓањето на разочарувачкиот фудбалер во Милано.
По ветувачките први шест месеци во клубот, Пакета едноставно „исчезна“ од составот, и не беше во првиот тим ниту под Марко Џампаоло, ниту под неговиот наследник Лукас Пиоли. Оваа сезона тој има 19 настапи, од кои повеќето се како замена, и има направено само една асистенција. „Росонерите“ се обидоа да го продадат во јануари, но не се најде купувач кој би ја дал потребната сума.