Top Sport

Милан од Фламенго го купи бразилскиот стопер Дуарте (видео)

Италијански Милан од редовите на бразилски Фламенго на „Сан Сиро“ го носи 23-годишниот дефанзивец, Лео Дуарте.

Бразилските медиуми пишуваат дека работата е завршена, а промоцијата на стоперот се очекува да биде наредната недела.

Преминот на Дуарте во Милан „росонерите“ ќе ги чини 10 милиони евра, но тоа не е голем проблем за „црвено-црните“ ако се знае дека премиерлигашот Вулверхемптон уплати на сметката на Милан 18 милиони евра за ангажманот на напаѓачот Патрик Кутроне кој сезонава ќе настапува за „волците“.

Се очекува Бразилецот да потпише петгодишен договор со Милан. Тој ќе настапува во одбраната покрај капитенот на „росонерите“ Ромањоли и дефанзивецот Мусакио.

Scroll to Top