Неполни 72 часа по основањето, во европската Суперлига, официјално останаа само уште три клуба: Реал, Барселона и Јувентус. Од синоќа овој проект го напуштија англиските тимови: Арсенал, Тотенхем, Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Ливерпул, шпанскиот Атлетико Мадрид и италијанските Интер и Милан.
Милан, седумкратниот европски првак, засега е последен на листата на клубовите кои официјално потврдија дека нема да бидат дел од европската Суперлига.
„Гласот и загриженоста на навивачите низ целиот свет, во врска со проектот Суперлига, се силни и јасни и нашиот клуб мора да остане чувствителен и внимателен кон оние кои го сакаат овој спорт“, се наведува на интернет страницата на клубот.