Top Sport

Милан останува најсилен италијански фудбалски бренд во странство, во Италија само Јуве се пред нив!

Иако немаат титула долго време, ниту настапи во Лигата на шампионите, Милан остануваат најпрепознатливиот фудбалски бренд од Италиај во Америка и во Кина.

Во истражувањето на „YouGov“ се користат шест индикатори, вклучувајќи перцепција на навивачите, традиција, квалитет на фудбалот и успех во последните сезони.

Солидната форма оваа сезона помогна „росонерите“ да скокнат од 1.9 на 6.1 во САД, со што се на осмото место како најпрепознатлив фудбалски бренд во оваа земја, зад Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер сити, Ливерпул, Челси и Баерн Минхен. Во Кина, Милан стојат уште подобро – тие се трети со 14.9, зад Реал Мадрид и Барселона.

И во Италија популарност на Милан расте – од 7.3 минатата година на 22.5 оваа година, со што се втори зад Јувентус, кои паднаа од 33.8 на 30.4. Интер можеби се лидери во Серија А, но во Италија се третиот најпопуларен клуб со 18.1 рејтинг.

Scroll to Top