Претставниците на Милан веќе се сретнале со Себастиен Ледур, еден од агентите на крилото на Челси, Хаким Зијеш за потенцијален трансфер во италијанскиот шампион во јануари.
29-годишниот марокански репрезентативец подолго време е на „радарот“ на Милан, а откако Зијеш добива мала минутажа оваа сезона со само пет настапи во сите натпреварувања, многу веројатно е дека ќе се дојде до договор. Прв план на „росонерите“ е да му го продолжт договорот на Рафаел Леао, но Зијеш би бил добра замена ако се исполни интересот на богатите англиски клубови за Португaлецот.