Top Sport

Милан подготвиле понуда за Фабрегас

Фудбалскиот клуб Милан, во јануарскиот преоден рок, ќе се обиде да го реализира трансферот на Сеск Фабрегас. Поранешниот играч на Арсенал и Барселона, во минатото се поврзуваше со Милан, меѓутоа неговиот клуб Челси не сакаше да го продаде.

На „Сан Сиро“, сега се надеваат дека во јануари конечно ќе можат да го реализираат трансферот, бидејќи Фабрегас има договор со Челси до јуни наредната година, а клубот од Лондон не му понудил продолжување на договорот.

Исто така, со доаѓањето на новиот менаџер Маурицио Сари, 31-годишниот фудбалер има маргинална улога. Од почетокот на сезоната тој настапи на само еден натпревар.

Фабрегас е продукт на школата на Барселона, во 2003 година за 3,2 милиони евра се пресели во Арсенал, а по осум години во Лондон тој за 34 милиони евра се врати на „Ноу Камп“.

По три години во Барселона, на инсистирање на тогашниот менаџер на Челси, Жозе Мурињо, тој се пресел на „Стенфорд Бриџ“.

Scroll to Top