Top Sport

Милан покажа „заби“, четири парчиња за СПАЛ (видео)

Џенаро Гатузо и фановите на „росонерите“ можат да бидат задоволни. 18-кратниот италијански шампион е непоразен во шест натпревари во Серија А, за конечно да постигнува импресивни резултати – како саботниот 0:4 триумф на гостувањето во Ферара кај СПАЛ.

Патрик Кутроне уште во втората минута најави победа за гостите, за во 65. минута да го зголеми водството на 0:2. Аргентинецот Лукас Билја првпат покажа дека не за „џабе“ беше донесен во тимот со гол во 73. минута, пред Фабио Борини да го потврди триумфот во финишот на натпреварот.

Милан е на седмото место во Серија А со 38 поени, додека СПАЛ остануваат во зоната за испаѓање на 18. место со само 17 поени по 24 кола.

Scroll to Top