Top Sport

Милан потпиша договор со Симон Кјер

Милан и официјално потпишаа договор за позајмица на Симон Кјер од Севилја, откако беше прекратена неговата позајмица во Аталанта. Шпанскиот клуб потврди дека данскиот дефанзивец ќе може да биде откупен од „росонерите“ на крајот на сезоната.

Кјер дојде во Аталанта на 2 септември, последниот ден од преодниот рок, но не успеа да се наметне во тимот на Џанпјеро Гасперини и имаше само шест настапи за клубот.

30-годишниот Кјер има големо искуство во Серија А со настапите за Палермо и Рома, а има и 97 настапи за данската репрезентација.

Scroll to Top