Милан се договориле со Бордо за трансферот на фудбалерот од средниот ред Јасин Адли за 10 милиони евра плус бонуси, јавуваат италијанските медиуми.
Според „Калчомеркато“, денеска се усогласиле сите детали и Милан наскоро ќе го добијат 21-годишниот талент, кој би можел веднаш да се вклопи во првиот тим откако Френк Кеси се повреди и може да биде во аут неколку недели.
Адли, кој произлезе од академијата на Пари Сен-Жермен, пристигна во Бордо во јануари 2019 за 5.5 милиони евра, и се покажа како фудбалер кој може да игра и во средниот ред и во нападот. За него беа заинтересирани и францускиот шампион Лил, но Бордо не сакаше да продава на директен ривал во Лига 1.