Top Sport

Милан против Интер без Бенасер

Милан, скапо го плати, гостувањето во Белград, против Црвена звезда во Лига Европа. Натпреварот заврши без победник 2:2. Црвена звезда се спаси од пораз во 93.минута, кога Милан Павков, го совлада Џиџи Донарума.

Резултатот за Милан е претставува проблем, иако една минута беа оддалечени од победата. Проблем за Стефано Пиоли е што остана без Исмаил Бенасер, во пресрет на дуелот со Интер.

Бенасер се повреди во средишницата од првото полувреме. На неговото место во игра влезе Сандро Тонали и се претпоставува дека младиот фудбалер ќе го започне „Дерби дела Мадонина“.

Една од најзначајните градски пресметки, во последните неколку години, ќе се одигра во недела од 20.45 часот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');