Top Sport

Милан се договориле со Вилјареал за трансферот на Чуквуезе

Летната „офанзива“ на пазарот на играчи на Милан продолжува, откако „Скај спорт Италија“ објавува дека се договориле за трансфер на Семјуел Чуквуезе и останува да се средат бирократските детали.

24-годишниот нигериски репрезентативец нема ЕУ пасош, и затоа трансферот е покомпликуван, но италијанските медиуми се сигурни дека Милан ги надминал тие проблеми. Договорот на Чуквуезе со Вилјареал завршуваше во 2024 година, така што Милан ќе плати 20 милиони евра и 8 милиони евра во бонуси за неговиот трансфер.

Чуквуезе ќе потпише петгодишен договор и ќе биде дел од нападот на „росонерите“ покрај Кристијан Пулишиќ и Ноа Окафор.

Scroll to Top