Top Sport

Милан се обидува да го заддржи Тео Ернандез

Пари Сен-Жермен добиле „порака“ од Милан дека мораат да платат најмалку 50 милиони евра за воопшто да се размислува за трансфер на Тео Ернандез, тврдат италијанските медиуми.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо не го крие интересот за поранешниот играч на Реал Мадрид, кој Милан го доби за само 20 милиони евра минатото лето, а според дел од медиумите, „росонерите“ веќе ја одбиле понудата од 30 милиони евра.

„Калчомеркато“ пак тврди дека апсолутниот минимум за почеток на преговори е 50 милиони евра, откако 22-годишниот Французин се смета за еден од поталентираните фудбалери во составот на Милан со шест гола и три асистенции во 25 меча во Серија А и Копа Италија, иако игра на позицијата на лев бек. Со ова, Ернандез е втор стрелец на Милан зад Анте Ребиќ со седум гола.

Scroll to Top