Top Sport

Милан се пофалија со потписот на Раде Круниќ

Милан се пофалија со потписот на босанскохерцеговскиот фудбалер од средниот ред, Раде Круниќ од Емполи за 8 милиони евра плус бонуси.

Круниќ веќе беше на тренинзите со „росонерите“, но денеска се финализираа сите договори и 25-годишниот талент по импресионирањето со Емполи следната сезона ќе има шанса да игра за поголем клуб.

Круниќ беше во Емполи од 2015 година, а минатата сезона имаше шест асистенции и пет гола во 33 настапи во Серија А. Тој претходно играше во Верона.

Милан се блиску и до потпис до уште еден фудбалер од средниот ред на Емполи, Исмаел Бенасер, кој настапува на Африканскиот куп на нации со Алжир.

Scroll to Top