Top Sport

Милан се враќа на класичниот изглед со дресовите за 2019/20

На стартот на новото партнерство со „Пума“, Милан ќе има враќање на класичниот изглед на нивните дресови за новата сезона.

Тенките црвено-црни линии наликуваат на дресот од 2011/12, но и на дресот кој се носеше за одбележување на стогодишнината на тимот во сезоната 1998/99. Покрај тоа, новите дресови немаат крагни како досегашните, а лентите ги има и на ракавите.

Алесио Ромањоли, Кшиштоф Пјонтек, Лукас Пакуета и Сусо се моделите за дресот, заедно со Тиемуе Бакајако.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');