Top Sport

Милан со 75 милиони атакува по тројца млади играчи

Калчолигашот Милан во следниот преоден рок на располагање ќе има 75 милиони евра за засилувања, а според пишувањата на италијански „Скај“, „Росонерите“ сакаат парите да ги искористат за да донесат по еден играч во одбраната, средниот ред и во нападот.

Најголемиот дел од износот е планиран за Бреша, за еден од најголемите италијански фудбалски таленти, Сандро Тонали. Новиот тренер на Милан, Ралф Рангник наводно е воодушевен од игрите на 20-годишниот фудбалер од средниот ред.

Следен на листата на желби е Душан Влаховиќ (20), напаѓачот на Фиорентина. Српскиот голгетер на 29 меча за „виолетовите“ сезонава има постигнато 9 гола.

Третата желба на „црвено-црните“ е стоперот на Селтик, Кристофер Ајер. За 22-годишниот Норвежанец интерес има и во Премиерлигата, па оттаму ќе доаѓа конкуренцијата на Милан.

Scroll to Top