Top Sport

Милан со целоснa доверба во Гатузо – ги донесе на само три поени од ЛШ

Претседателот на Милан, Паоло Скарони вели дека има „целосна доверба“ во тренерот Џенаро Гатузо и во директорите на клубот посочувајќи дека клубот е на само три поени од пласман во Лигата на шампионите. „Росонерите“ ја победија Болоња со 2:1 во луд меч во понеделникот навечер за да стигнат на три поени од четвртопласираната Аталанта.

„Видов позитивни знаци од тимот против Болоња, се бореа цврсто и останаа во игра и покрај условите. Сега сме на само три поени од ЛШ, така што самодовербата е голема пред последните кола. Нема да биде лесно, но имаме целосна доверба во тренерот и спортските директори“, вели Скарони.

Околу иднината на Гатузо подолго време има шпекулации дека доколку не успее да обезбеди пласман во ЛШ веќе му е подготвен отказот, и дека по него би следувал и спортскиот директор Леонардо.

Scroll to Top