Top Sport

Милан со поен ќе го обезбедат местото во ЛШ

Откако вчера, Рома и Аталанта загубија, Милан уште вечерва може да го потврди помалку неочекуваното место во Лигата на шампиони, иронично со реми против Јувентус.

Наполи, како шампион, Лацио и Интер по вчерашната победа над Аталанта стигнаа до место во европската елита, а за последното место во игра се Милан и Јувентус, секако откако ќе се земе во предвид казната од 10 поени за „бјанконерите“.

Бидејќи на „Сан Сиро“, Милан го совлада Јувентус со 2:0, со реми тие ќе имаат супериорен меѓусебен дуел со нив, така што и да завршат на ист број на поени, тие ќе одат во ЛШ. Дури и пораз од 1:0 ќе биде доволен за квалификување, но тогаш ќе мора да освојат барем поен против Верона, клуб кој се бори за опстанок, во последното коло.

Последна алтернатива за „росонерите“ е дури да загубат од Јувентус и Верона, но во тој случај, Јувентус не смее да го победи Удинезе во последното коло.

Scroll to Top