Милан ја дале првата понуда за напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, тврди „Калчомеркато“. На 27-годишниот Белгиец му завршува договорот со „црвените“ следниот месец и одамна е јасно дека ќе побара нов тим, откако имаше 6 гола и 4 асистенции во само 17 настапи за тимот на Јирген Клоп оваа сезона.
Според „Калчомеркато“, Милан официјално ги известиле Ливерпул за намерата да потпишат договор со Ориги, што не е само џентлменски потег, туку е обврска според правилата на ФИФА за трансфери, дури кога се работи за фудбалер кому му истекува оговорот.
Ориги постигна гол и имаше асистенција во двата меча против Милан во Лигата на шампионите оваа сезона.
Milan, ecco Origi: inviata una mail al Liverpool per informare della trattativa col belga https://t.co/YUUvLN4Puw
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) May 15, 2022