Џенаро Гатузо има шанса да се докаже во Серија А уште три меча, пред во Милан да решат да му дадат отказ, тврди италијанскиот „Спорт Медиасет“.
Иако околу Рино има шпекулации подолго време, притисокот се зголеми откако Милан беше елиминиран од Лига Европа од Олимпијакос уште во групната фаза, а иако „росонерите“ остануваат на четвртото место во Серија А, клубот двата последни мечеви ги одигра 0:0 (против Торини и Болоња).
Според „Медиасет“, Милан му дале краен рок на Гатузо до крајот на декември да се докаже со победи против Фиорентина, Фросиноне и СПАЛ – еден директен конкурент за висок пласман и два клуба кои се борат за опстанок.
Можна замена за Гатузо би бил Роберто Донадони, поранешен фудбалер од славните денови на клубот.
Фото: ЕПА