Top Sport

Милан веќе го планираат Роберто Манчини?

Роберто Манчини не е задоволен во Русија и може да се врати во Италија како тренер на Милан, тврди италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“.

Според весникот, Манчио, кој е тренер на Зенит Санкт Петербург, веќе разговарал со директорите на Милан, Марко Фасоне и Масимилијано Мирабели, кој интересно беше во тимот на Интер, кога Манчини беше тренер таму.

53-годишмниот Манчини стана тренер на Зенит во јули и има договор до јуни 2020 со кој заработува 8 милиони евра годишно. Во 31 натпревар за Зенит тој има 17 победи, 8 ремија и 6 порази, но и покрај добрата заработувачка, му недостасува животот во Италија, а подготвен е за нов предизвик, откако претходно го донесе Интер до три титули во Серија А.

Џенаро Гатузо е на клупата на Милан минатиот месец, откако беше отпуштен Винченцо Монтела, но имаше катастрофален старт со само една победа во шест натпревари. Шпекулациите на „Газета“ велат дека пораз во четврт-финалето од Копа Италија вечерва од Интер ќе значи отказ за популарниот Рино.

Scroll to Top