Top Sport

Милан во Џенова го најдоа наследникот на Ибрахимовиќ

Милан во Џенова го најде фудбалерот кој во иднина треба да го замени Златан Ибрахимовиќ.

Италијанските медиуми тврдат дека на „Сан Сиро“ ќе пристигне соиграчот на Горан Пандев, Џанлука Скамака. Инаку, овој 21-годишен фудбалер во Џенова игра како позајмен играч од страна на Сасуоло.

Скамака според конституцијата е сличен на Ибрахимовиќ, висок е 195 сантиметри.

Медиумите тврдат дека Милан ќе се обиде да го донесе овој играч во јануарскиот преоден рок.

Scroll to Top