Италијанските медиуми шпекулираат дека Милан, во јанурскиот преоден рок, ќе се обиде да го донесе во своите редови Мауро Икарди. Поранешниот капитен на Интер е играч на ПСЖ.
Икарди, од рестартот на сезоната не игра во надобра форма. Во финалниот меч, во Лигата на шампионите, воопшто не беше во плановите на тренерот Томас Тухел.
Минатата сезона одигра 34 натпревари и постигна 20 голови. Поради тоа ПСЖ го откупија од Интер неговиот договор за 50.000.000 евра.
Планот на Милан бил да го позајмат Икарди, а пoтоа и да го откупат неговиот договор. Милан би платиле 10.000.000 евра за позајмицата, а потоа и дополнителни 40.000.000 евра за откуп на договорот.
Милан, во јануари, ќе се обидат да ја убедат сопругата на Икарди, Ванда Нара, фудбалерот да се врати во Серија А.
Ванда Нара, која исто така е и менаџер на својот сопруг, никогаш не криела дека нејзина желba е нивните деца да живеат и растат во Италија.