Милан покрај подобрувањата на теренот минатата сезона, кога успеаја да обезбедат враќање во Лигата на шампионите по седум години по второто место, очигледно успешно ја завршиле 2020/21 и на финансиски план, намалувајќи ги повеќе од двојно загубите.
Според „Калчо е финанца“, Милан ја завршиле финансиската 2020/21 на 30 јуни со загуба од 96.4 милиони евра, за разлика од минатата година кога имаа загуби од 194.6 милиони евра.
Покрај ова, Милан инвестирал 70 милиони евра на нови играчи, а најпозитивно е што клубот нема никаков долг кон банките. Ова е стабилизирање на клубот под водството на американските газди „Елиот менаџмент“, кои го „наследија“ клубот, откако претходниот газда, кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли не успеа да ги врати долговите кон финансиската компанија.