Младиот фудбалер на Барселона, Педри е вистинско откритие оваа сезона. За овој талентиран фудбалер Барселона на Лас Палмас, во јануари, им плати 5.000.000 евра.
Од стартот на сезоната Педри одиграл десет натпревари, успеал да постигне два гола.
Педри во интервју за шпанските медиуми рекол дека бил на проба во Реал Мадрид, но не успеал да помине.
„Имав пробен период во Мадрид, ми рекоа дека не сум доволно добар. Сакам да ѝ се заблагодарам на личноста која оценила дека не сум доволно добар за Реал, бидејќи сега сум во тимот каде сум сакал отсекогаш да бидам“, рекол Педри.