Томас Милер вели дека би го прифатил повикот да се врати во германската репрезентација, откако повеќе видни имиња во германскиот фудбал го повикаа селекторот Јоаким Лев да ја промени одлуката и да го повика асот на Баерн Минхен по катастрофалниот 6:0 пораз од Шпанија.
За враќање на Милер во репрезентацијата претходно коментираа и великанот Франц Бекенбауер, како и поранешниот селектор, Јирген Клинсман. Милер, кој имаше 100 настапи за „маншафт“ пред да биде оставен на страна покрај Матс Хумелс и Џером Боатенг во март 2019, признава дека не би одбил повик.
„Поразот боли, тоа е сигурно. Страдате за вашите соиграчи, за тие кои ги познавате многу добро. Јас и претходно кажав дека никој од нас тројца не се повлече од репрезентацијата“, вели 31-годишниот Милер.