Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, бил многу разочаран од селекторот на репрезентацијата Јоаким Лев и начинот на кој му било соопштено дека повеќе нема да биде повикуван во националниот тим.
Фудбалскиот сојуз на Германија, преку соопштение, објави дека во составот на националниот тим повеќе ќе ги нема Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс.
Селекторот Лев на тројцата фудбалери лично им ја соопштил одлуката.
„Колку повеќе размислувам, се повеќе се лутам“, рекол Милер.
„Бев затечен од одлуката. Не разбирам, тројцата сме подготвени да играме на врвно ниво. Соопштението на сојузот е однапред подготвено и е одраз на лошиот вкус“.
Милер во кариерата одиграл 100 натпревари за Германија и постигнал 38 гола, 10 од нив на светските првенства. Во 2010 година бил најдобар стрелец на СП во Јужна Африка, а четири години подоцна стана светски првак.