Томас Милер во својата кариера освои титули со Баерн Минхен и со Германија, но признава дека му е љубоморен на францускиот тинејџер Килијан Мбапе за едно нешто – за „моторот во газот“.
Германија и Франција одиграа без голови во Минхен во четвртокот во меч од Лигата на нации, во меч кој не импресионираше никого, но 19-годишниот Мбапе неколку пати создаде проблеми за германската одбрана со своите трикови, интелигенција, но пред сѐ со својата брзина.
„Тој има мотор во газот и сите сакаме такво нешто. Ќе направи еден брз чекор, и противникот веќе е зад него. Морате да го чувате со повеќе од еден фудбалер, дури ако друг некој остане сам. Такви исклучителни фудбалери само така се сопираат“, изјави Милер.
Фото: ЕПА