Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери на кои смета за квалификацискиот натпревар против Австрија, во Скопје, на 14 ноември.
Селекторот Милевски, по срамниот пораз, од Гибралтар (1:0) минатиот месец, реши да внесе „свежа крв“ во националниот тим. На списокот што го објави има четворица дебитанти, голманите Јанков од Локомотива и Трајчевски од Победа Валандово, односно играчите Садики од Работнички и Стојановски од хрватскиот тим Дугопоље.
„Сметам дека сите треба да бидеме на повисоко ниво во однос на претходните натпревари, посебно ако го земеме предвид дуелот со Гибралтар. Тоа е опомена за некои од фудбалерите кои се наоѓаат и на овој список. Дел од репрезентативците кои се лидери во клубовите очигледно имаат проблем да се наметнат во таа улога во националниот тим и овој момент секако ќе биде тема за анализа во периодот кои следува. Австрија е познат противник, знаеме сè за противникот, но пак ќе потенцирам, важно е ние како ќе изгледаме на терен“, рече селекторот Милевски.
Инаку, на списокот на селекторот ги нема Елиф Елмаз, кој во овој период ќе настапува за селекцијата до 19 години, и Никола Ѓорѓев, кој доби повик од селекторот на сениорската репрезентација за пријателскиот натпревар со Норвешка.
Првиот тренинг младите репрезентативци ќе го имаат на 8 ноември во 16:00 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Списокот на селекторот Милевски за дуелот со Австрија: