Top Sport

Милевски го објави списокот за дуелите со Русија и Австрија

Селекторот на Македонија до 21 година Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Русија (23. март) и Австрија (27. март) за пласман на ЕП 2019 во Италија.

Милевски за овие две средби повика четворица дебитанти (Томас Божиновски, Омар Имери, Милан Ристовски и Есмин Личина).

Првиот собир ќе биде во понеделник од 11 часот во ТЦЦ „Гранд Плаза“.

На табелата во Групата 7 Македонија по четири одиграни натпревари се наоѓа на претпоследното место со три бода. Во групата води Србија со 15 поени, пред Русија со 10, Австрија со 9 и Ерменија со 7. Зад Македонија на табелата е само Гибралтар.

На списокот на Милевски се наоѓаат следните фудбалери.

Scroll to Top