Top Sport

Милевски: Не знаеме да играме дефанзивен фудбал, ќе се обидеме да ја победиме Италија

Благоја Милевски, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, по објавувањето на списокот на играчи за натпреварот со Италија, потенцира дека Македонија нема да оди на туристичко патување во Палермо, туку дека ќе се обиде да го победи актуелниот европски првак.

„Се работи за еден натпревар со Италија на кој се е отворено. Нашите фудбалери треба да уживаат во овој бараж, да покажат дека не сме случајно на ова место и меѓу најдобрите 20 селекции во Европа. Ме радува формата во која се наоѓаат нашите репрезентативци. Што се однесува до Италија, се работи за селекција која е во топ пет по квалитет, актуелен Европски првак. Меѓутоа секоја селекција има свои силни и слаби страни, така е и со нашиот следен противник, наше е да успееме тоа да го искористиме. Овој тим на Македонија не знае да игра дефанзивно и да игра пасивно. Тоа го покажавме на сите седум натпревари во квалификациите, а ќе се потрудиме да го потврдиме и на дуелот со Италија. Ќе биде тешко, но не и невозможно. Нема лесен натпревар на ова нив“, рекол Милевски.

Селекторот откри зошто на списокот го нема искусниот Илија Несторовски, но е дека Адис Јаховиќ е неизвесен за натпреварот со Италија поради повреда.

„ Адис Јаховиќ е повикан, но неговото доаѓање е неизвесно. Јаховиќ се соочува со одредени потешкотии, има болки во тетивата и наскоро ќе дознаеме дали ќе може да му се приклучи на тимот. Несторовски не е повикан од причина што во текот на оваа сезона има одиграно само 13. минути во Купот на Италија, но не значи дека нема да сметаме на него за идните активности доколку влезе во натпреварувачки ритам“.

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 20. март во 19:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.

Scroll to Top