Top Sport

Милевски со извинување за нацијата: Јас сум најодговорен за поразот

Македонскиот селектор, Благоја Милевски немаше изговор за катастрофалниот 7:0 пораз од Англија во квалификациите за Европското првенство во 2024 година на „Олд Трафорд“ во Манчестер, извинувајќи се на нацијата.

“Сакам да се извинам на цела нација за овој голем пораз. Одговорноста е моја, јас праќам повик до фудбалерите и секако сум најодговорен. Но, на вакви моменти се покажува карактер, а јас не сум човек што се откажува во тешки моменти. Се соочивме со еден протовник кој ја покажа целата сила на овој натпревар и можеби во моментот е најдобар во Европа. Одлучија добри индивидуални потези на противникот, но пред се нашите грешки. Не сум задоволен од ниеден фудбалер, искрено, противникот не ни дозволи да сториме нешто“, изјави Милевски по поразот.

Scroll to Top