Top Sport

Милинковиќ-Савиќ очекува да остане во Лацио

Сергеј Милинковиќ-Савиќ очекува да остане во тимот на Лацио и покрај шпекулациите за огромна понуда од Интер, покрај постоечкиот интерес од англиските тимови како Манчестер јунајтед и Челси.

Според италијанскиот „Премиум спорт“, Интер се подготвени да платат 30 милиони евра за едногодишна позајмица на популарниот СМС, со опција од 70 милиони евра за откуп на договорот следната година, меѓутоа српскиот играч од средниот ред, вели дека засега тој се подготвува за сезона со „орлите“.

„Имам договор, и иако никогаш не знаеш што ќе се случи во фудбалот, не верувам во трансфер. Со умот сум во Лацио и останувам да се фокусирам на тоа. Се надевам дека фановите ќе го сфатат тоа“, вели Милинковиќ-Савиќ.

Scroll to Top