Top Sport

Милинковиќ-Савиќ покажа зошто го бара пола Европа (видео)

Истиот ден кога директорот на Лацио, Игли Таре призна дека неговиот клуб одбил понуда од 70 милиони евра за српскиот феномен Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тој одговори со два гола, за Лацио да стигне до рутинска 0:3 победа над Сасуоло во 26. коло од Серија А.

Лацио стигна до водство уште во седмата минута, по одличниот „вртен“ удар на Милинковиќ-Савиќ, а ја удвои предноста во 31. минута преку Чиро Имобиле од белата точка по сомнително досудениот пенал.

Конечниот резултат беше поставен во 47. минута, кога Андерсон го најде Милинковиќ-Савиќ, кој со глава го совлада голманот. Финишот на мечот беше остар, откако беа доделени два црвени картони – еден на Берарди од Сасуоло, а еден на Марушиќ од Лацио.

Пред мечот, спортскиот директор Таре, изјави дека најавите за трансфер на Милинковиќ-Савиќ во Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус или ПСЖ се невистините.

„Во текот на летото одбивме понуда од 70 милиони евра. Сакаме да го направиме Лацио тим во кој големите играчи сакаат да играат. Шпекулациите се само тоа“, вели Таре. 

СЕРИЈА А, 26. КОЛО

Фиорентина – Киево 1:0

Сампдорија – Удинезе 2:1

Сасуоло – Лацио 0:3

Верона – Торино 2:1

Scroll to Top