Top Sport

„Милионерите“ се „разбудија – настрада Фрајбург (видео)

Борусија Дортмунд остана на само еден поен од лидерот Баерн Минхен на четири кола пред крајот на Бундеслигата, откако со убедливи 4:0 триумфираа на гости на „Шварцвалд стадионот“ во Фрајбург.

„Милионерите“ останаа зад Баерн по високиот пораз во дербито, но сега со две победи во низа го оддржаа темпото со Баварците и сега чекаат „кикс“ за да се вратат на првото место кое го држеа поголем дел од сезоната.

Против Фрајбург, тие „удрија“ рано, откако англискиот талент Џејдон Санчо постигна гол уште во 12. минута, а Марко Ројс во 54. минута зголеми на 2:0. Во финишот на мечот, Марио Геце во 79. минута и Пако Алкасер во 87. минута од пенал ги поставија конечните 4:0.

Scroll to Top