Борусија Дортмунд добија шлаканица во Аугсбург во второто коло во Бундеслигата. „Милионерите“ доживеаја пораз од аутсајдерот 2:0. Со поразот Дортмунд си направија лоша увертира пред натпреварот во Суперкупот на Германија против Баерн кој се игра за четири дена.
Борудија Дортмунд доминираше во поседот и во број на шанси за постигнување на гол, меѓутоа бодовите останаа во Аугсбург.
Удокај го постигна првиот гол во 40 минута, а во 54 минута конечниот резултат го постави Калиџури.
Во дербиот на колото, во Леверкузен, Баер и Лајпциг одиграа 1:1. Мечот беше решен во првите 20 минута, најпрвин Форсберг погоди во 13 минута за Лајпиг, а израмни Демирбеј во 20 минита.
Резултати:
Арминија-Келн 1:0
Мајнц-Штутгарт 1:4
Борусија Менхенгладбах-Унион Берлин 1:1