Младиот Норвежанец Јенс Петер Хауге официјално стана член на Милан. Хауге со Милан потпишал пет годишен договор. 21 годишниот фудбалер во Милан пристигна од Бодо Глимт.
Хауге ги воодушевил челниците на милан минатата недела кога со Бодо Глимт гостуваше на „Сан Сиро“ во третото квалификациско коло во Лига Европа. Милан победија со 3:2, а Хауге за Бодо Глимт постигна гол и забележа асистенција.
Според италијанските медиуми Милан за Хауге платиле 4.000.000 евра.
Крилниот напаѓач во Милан ќе го носи дресот со бројот 15.