Top Sport

Милнер не е фан на ВАР-технологијата

Играчот на Ливерпул Џејмс Милнер рекол дека не е фан на ВАР-технологијата. Убеден е дека употребата на ВАР ја расипува атмосферата на стадионите.

Од оваа сезона ВАР-технологијата се користи и во Премиер лигата, а од почетокот на сезоната речиси во секое коло се дискутира за донесените одлуки.

„Не сум фан. Можеби е тоа така бидејќи сум од старата школа, но мислам дека има премногу дебати околу ВАР. Гол-технологијата е многу корисна, тоа е и повеќе од јасно. Тука одлуката е црно или бело и нема расправии. Но многу е тешко да се користи ВАР кога и понатаму морате да прегледата и размислите, тоа ја уништува атмосферата. Ќе постигнете гол, стадионот ќе „експлодира“ од радост, а потоа се оди во рацете на ВАр-технологијата. Тогаш морате да ја чеката одлуката“, изјавил Милнер за „Гардијан“.

Scroll to Top