Управниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија, по неуспехот во баражот за пласман на ЕУРО 2021, ќе ја одреди судбината на селекторот Љубиша Тумбаковиќ.
Српските медиуми се сигурни дека Управниот одбор ќе му изгласа недоверба на селекторот. Тие шпекулираат и со имињата на тренерот кој ќе биде наследник на Тумбаковиќ.
Наводно, прв кандидат за селекторската функција бил, актуелниот тренер на Ал Ахли, Владан Милојевиќ.
Милојевиќ, три сезони ја предводеше Црвена звезда. Со најтрофејниот српски клуб постигна брилијантни резултати, играше во нокаут фазата во Лига Европа, а потоа две сезони по ред успеваше да избори пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.
Тој има договор со Ал Ахли до август оваа година.