Top Sport

Минималец на Гранада против Реал Сосиедад

Фудбалерите на Гранада забележаа минимална победа над Реал Сосиедад во 27.коло, во Ла Лига. Гранда со овој триумф ја прекина успешната серија на Реал Сосиедад од четири победи и едно реми на последните пет натпревари.

Гранада и Реал Сосиедад одиграа здодевен натпревар. Играчите на двата тима, во текот на целиот меч не создадоа ниту една вистинска шанса за гол.

Голот на Гранада е случаен, откако по ударот на Виктор Дијаз во 52.минута, топката на патот кон голот удри во ногата на Херман Санчез и заврши во мрежата.

Сосиедад и покрај поразот останаа на петтото место со 45 бода, Гранда се осми со 36.

Scroll to Top