Top Sport

Минута молк на натпреварите во Ла Лига

Сите натпревари во Ла Лига, чии ре-старт ќе се случи на 11 јуни, ќе започнат со минута молчење во знак на сеќавање на сите жртви на коронавирусот, соопштија од Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Минута молчење ќе има на сите натпревари во Примера, Сегунда и во Третата лига. Сезоната во Шпанија ќе продолжи во среда со натпреварот кој ќе се одигра во Втората лига (Сегунда) помеѓу Рајо Валјекано и Албасете.

Сезоната во Ла Лига ќе продолжи на 11 јуни (четврток) со градското дерби Севилја-Бетис. Натпреварите во Шпанија е се играат без присуство на публика.

Од почетокот на пандемијата во Шпанија од коронавирусот починале повеќе д 27.000 луѓе.

Scroll to Top