Top Sport

Миранчук со прекрасен гол донесе победа за Торино на „Артемио Франки“

Торино со 0:1 славеше на гостувањето кај Фиорентина за прва победа по четири меча во Серија А за искачување на седмото место на табелата по казната од 15 поени која ја добија нивните лути градски ривали Јувентус.

Човек на одлука беше рускиот ас, Алексеј Миранчук, кој во 33. минута постигна прекрасен гол од далечина, кој на крајот беше доволен за победа на тимот на Иван Јуриќ.

Фиорентина, со вториот пораз во низа, останува на 9. место на табелата со 23 поени, три помалку од Торино.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top