Манчестер Јунајтед ова лето со сигурност ќе го продаде Пол Погба, пишува „Дејли Мирор’.
Французинот со месеци „одолговлекуваше“ со потписот на новиот договор затоа што постојниот му истекува за година ипол. Како што стојат работите, на „Олд Трафорд“ се свесни дека тој нема да продолжи со „ѓаволите“, па реално е на крајот на сезоната да го продадат за да вратат барем дел од 105 милиони фунти што му ги платија на Јувентус пред 4 години.
Состојбите се сменети, па за очекување е дека Јунајтед нема да добие ниту близу тој износ. Погба е еден од клучните ликови во ренесансата на Солскјер, па затоа Управата на клубот верува дека за него може да се добие задоволителна отштета.
„Мора да најдеме начин како да го извлечеме од Манчестер. Неговото време таму заврши“ рече неодамна неговиот менаџер, Мино Раиола.
„Мирор“ пишува дека постојат неколку опции поврзани со францускиот репрезентативец. Реал и понатаму е загреан за него, но приоритет му се Мбапе и Халанд.
И ПСЖ е заинтересиран за Французинот. Парите не им се проблем, но францускиот шампион има проблем што не е доволно атрактивен за да ги привлече најголемите ѕвезди.
Не е тајна дека и Пирло би го вратил Погба во Јуве. Но „Старата дама“ би трампала, Дибала, па дури и Кристијано Роналдо би можеле да завршат на „Олд Трафорд“.